Top Sport

Газета: Милан го „врзале“ Рафаел Леао до 2028?

Италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“ открива дека Рафаел Леао потпишал четиригодишно продолжување на договорот со Милан, со што ќе остане на „Сан Сиро“ до 2028 година, откако неговиот поранешен клуб, Лил ја исплатил казната од 22 милиони евра до португалскиот Спортинг Лисабон.

Леао си замина од Спортинг со раскин на договорот во 2018 година без дозвола, по што Спортинг го доби судскиот случај за потребната отштета за неговиот трансфер во Лил.

23-годишниот Леао, еден од најдобрите играчи во тимот на Стефано Пиоли, наводно сака да остане со „росонерите“ одбивајќи ги сите обиди на Челси и Реал Мадрид да го привлечат за трансфер.

Scroll to Top