Интер и Јувентус се подготвени да „лицитираат“ за услугите на 19-годишниот Дејан Кулушевски, а во исто време и европскиот шампион Ливерпул пратил скаути да го следат талентираниот Швеѓанец со македонско потекло, тврди „Ла газета дело спорт“.
Кулушевски, кој е фудбалер на Аталанта, оваа година блесна во дресот на Парма како позајмен фудбалер, предводејќи ги до осмото место во Серија А. Според „Газета“, Интер се лидери во трката за несудениот македонски репрезентативец, бидејќи Антонио Конте бара засилување во средниот ред и тие се подготвени да ги вложат парите од продажбата на Габигол за да го донесат на „Меаца“.
Тие исто така тврдат дека Ливерпул праќаат скаути на натпреварот Милан-Парма да го следат Кулушевски, за кој Аталанта бараат огромни 40 милиони евра.