Top Sport

Газидис почнува со работа во Милан – Ибра и Фабрегас први на „мета“

Иван Газидис денеска започнува со работа како генерален директор на Милан и планира прво да ги заврши преговорите за трансфер во јануари на Златан Ибрахимовиќ и Цеск Фабрегас, јавуваат италијанските медиуми.

Поранешниот прв човек на Арсенал, наводно доби плата од 4 милиони евра годишно, во обид да се врати старата слава на Милан. Неговата работа ќе биде верификувана на состанокот на акционерите на тимот на 5 декември, но тој веќе беше на трибините при 5:2 победата над Дуделанж во Лига Европа, веднаш до претседателот Паоло Скарони и директорите Леонардо и Паоло Малдини.

Според „Кориере дела сера“ и „Газета дело спорт“, Газидис веќе имал неколку состаноци, и преговори со Фабрегас и Ибрахимовиќ.

Газидис успеа да ги удвои приходите на Арсенал додека беше на чело на тимот и сопствениците на Милан, „Елиот менаџмент“ имаат исти амбиции. Покрај засилувањата на тимот, тука е и обновувањето на договорот со авио-компанијата „Флај Емиратс“, како и барање на нов автомобилски спонзор по крајот на договорот со „Ауди“ пред две години.

Scroll to Top