Top Sport

Геце се враќа во Бундес лигата

Марио Геце (30), херојот на Германија од Светското првенство во 2014 година повторно ќе игра во Бундес лигата.

Според германскиот новинар Патрик Бергер, поранешниот член на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен од следната сезона ќе биде член на Ајнтрахт.

Клубот од Франкфурт ка освои Лига Европа со што обезбеди место во Лигата на шампионите. Бидејќи еден од најдобрите играчи во тимот, Филип Костиќ се подготвува да го напушти Ајнтрахт, клупските челници решиле да ангажираат звучно засилување во нападот.

Геце се споменуваше како потенцијално засилување на Милан или Бенфика, но поканата од татковината може да биде пресудна.

Минатата сезона Германецот во дресот на ПСВ од Ајндховен постигна 12 гола и забележа 11 асистенции. Во сите натпреварувања одигра 52 натпревари.

Scroll to Top