Top Sport

Геце со прв гол по враќањето во Бундеслигата, Ајнтрахт го доби гол-шоуто кај Вердер

Херојот на германската репрезентација од 2018 година, Марио Геце го постигна својот прв гол по враќањето во Бундеслигата, предводејќи ги Ајнтрахт Франкфурт до 3:4 победа на гости кај Вердер Бремен.

Геце, кој минатата сезона играше во холандскиот ПСВ Ајндховен, го отвори резултатот уште во 2. минута, пред Вердер да направи пресврт и со головите на Јунг во 14. и Битенкур во 17. минута да поведе со 2:1. Гол-шоуто не застана тука. Коло Муани во 32. минута израмни на 2:2, пред Јеспер Линдстром во 39. минута пак да ги донесе Ајнтрахт во водство, за Џибрил Соу во 48. минута да зголеми на 2:4. Вердер ги направија последните минути интересни, откако беше досуден пенал во 92. минута, а Никлас Фулкруг беше прецизен, но немаше време за израмнување.

Ова е прва победа за Ајнтрахт во новата сезона и во моментов тие се на 14. место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top