Пари Сен Жермен биле блиску до договор со Евертон околу трансферот на играчот од средниот ред Идриса Геј (29). Тренерот Томас Тухел и во јануарскиот преоден рок беше заинтересиран за овој фудбалер, но тогаш Евертон одбија преговори околу трансферот, поради што во Париз пристигна Аргентинецот Ленадро Паредес.
Геј е репрезентативец на Сенегал, тој вечерва со националниот тим ќе се бори за титулата на Африканскиот куп.
Не е познато колку ПСЖ ќе издвојат за трансферот, а се претпоставува дека сумата нема да биде помала од 30 милиони евра.