Top Sport

Гендузи до фудбалерите на Брајтон: Вие не сте фудбалери, вие сте го..а

Младиот играч на Арсенал Матео Гендузи ја шокирал англиската јавност со своето надмено и некултурно однесување кон фудбалерите на Брајтон. Арсенал во сабота беа поразени на гостувањето во Брајтон со 2:1. Голот за победа Мупај го постигна во 95 минута.

Токму Мупај по натпреварот изјавил дека Гендузи ги навредувал во текот на целиот натпревар.

„Вие не сте фудбалери, во сте го..а. Она што јас го заработувам вие нема да го видите никогаш во животот“, биле зборовите на 21 годишникот од Франција кој и претходно знаел да навредува фудбалери од „мали“ тимови.

Гендузи во Арсенал има неделна плата од 40.000 фунти. Највисоката плата кај Брајтон е 50.000 фунти, а клубот неделно за плати издвојува само 200.000 фунти.

„Гендузи не е толку добра играч за да се однесува на таков начин. Во Арсенал никогаш не сме имале таков начин на однесување кон противниците“, рекол поранешниот фудбалер Пари Гровс.

Тој јавно го прашал и тренерот Микел Артета дали го предупредил како да се однесува бидејќи не му е прв пат да го потценува и навредува противникот.

Инаку Мупај не му останал должен, кога го постигнал голот за победа му рекол на Гендузи: „Мислам дека сега ќе молчиш“.

Гендузи избегна казна за грабнување за врат – ВАР одлучил така! (видео)

Scroll to Top