Top Sport

Гендузи избегна казна за грабнување за врат – ВАР одлучил така! (видео)

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Матео Гендузи нема да биде казнет од англиската Фудбалска асоцијација (ФА) иако ТВ-снимките јасно покажаа дека го грабна за врат фудбалерот на Брајтон, Нил Мопе.

„Топчиите“ доживеаја неочекуван пора од Брајтон на „Ејмекс“ во саботата попладне, кога Луис Данк и Мопе постигнаа голови за пресврт на домаќините. Голманот на Арсенал, Бернд Лено беше изнесен на носилки по судирот со Мопе во мечот и Гендузи реагираше бурно. По крајот на мечот, двајцата повторно беа  во конфликт кога Гендузи го грабна противникот за врат.

Судијата Мартин Еткинсон не реагираше, но според ФА бидејќи ниту ВАР системот, каде што се прегледале снимките, не реагирал, нема да има казна.

„Однесувањето на Матео Гендузи во текот на инцидентот не беше забележан од судијата, но подоцна беше прегледан и од ВАР, така што нема да има дополнителни казни“, се вели во соопштението на ФА.

Scroll to Top