Матео Гендузи вели дека морал да замине од Арсенал за повторно да се забавува, по конфликтот со менаџерот Микел Артета. Французинот е позајмен во Херта Берлин во обид да ја врати самодовербата.
Гендузи беше исфрлен од тимот на „топчиите“ по конфликтот со Нил Мопе при 2:1 поразот од Брајтон во јуни, кога му се фалеше на противничкиот фудбалер за високата плата која ја зима. 21-годишниот Французин оттогаш има три меча за Херта, последниот при 5:2 поразот од Борусија Дортмунд.
„Морав да се забавувам на теренот, да ја вратам самодовербата и Херта ми го нуди тоа. Ова беше мој избор. Во две сезони одиграв повеќе од 80 натпревари со Арсенал, и потоа одеднаш не играв. Тоа болеше. Сега сонот ми е да влезам во француската репрезентација“, вели Гендузи, кој има договор со Арсенал до 2022 година.