Марсеј ги задржа малите шанси за пласман во Лигата на шампиони, откако на тешкото гостување во Бретања одигра неверојатен меч полн со пресврти за 3:3 реми со Генган.
Марсеј стигна до водство од 0:2 во само 14 минути игра, преку Валер Жермен Флоријан Тован за да си помислат дека победата е обезбедена уште на стартот. Меѓутоа, Клеман Грение, прво во 42. минута намали на 1:2, за на почетокот на второто полувреме, преку гол од пенал да израмни на 2:2.
Во 66. минута, гостите останаа со играч помалку откако Стив Мандана доби црвен картон, и Генган тоа го искористи за со уште еден гол од пенал преку Џими Бриан да дојде до целосен пресврт за 3:2 водство. Тован, како и многу пати оваа сезона, беше клучен играч за Марсеј, откако во 84. минута израмни на 3:3.
Со освоениот поен, Марсеј остана на четвртото место во Ла лига со 74 поени, идентично со третопласираниот Монако и само еден поен помалку од второпласираниот Лион. Сепак, Монако и Лион своите мечеви од претпоследното коло ги играат во текот на викендот. Генган е на 10. место со 47 поени.