Атлетик Билбао, синоќа доживеа пораз од Селат во Виго со 2:1. Клубот од Баскија наредната сеозна ќе игра во Лига Европа, откако пред три недели го освои Купот на Шпанија. Селта со овој триумф речиси обезбеди опстанок во лигата, а Билбао остана не позицијата број пет.
Покрај голот од корнер на Алкес Беренгер во 23.минута и 20-годишниот Алварез кој асистираше за првиот и го постигна вториот гол за својот тим, натпреварот го обележа и измената која Ернесто Валверде ја направи во 61.минута, кога од игра го повлече голманот Унаи Симон.
Наместо него влезе Агирезабала. Симон не се повреди, а зад овој потег на Валверде стои јасен план. Имено, сите во клубот сакаат Симон да го освои трофејот Замора, кој му се доделува на голманот со најмал број примени голови.
Симон има коефициент од 0,94 примени голови по натпревар. Во 35 кола во Ла Лига прими 33 гола. Тој е во водство пред Ремиро од Реал Сосиедад и Тер Штеген од Барселона.
Главен услов за наградата е да се одиграат минимум 28 натпревари од по 60 минути. Затоа Валверде го повлече Симон во 61. минута кога Атлетик водеше со 1:0. На крајот Атлетик прими два гола, но Симон ја сочува мрежата.
„Би направил се што можам за да им помогнам на играчите да ги постигнат своите цели“, изјави тренерот Валверде.
Според Трансфермаркт, Симон вреди 25 милиони евра, за шпанската репрезентација има забележано 39 настапи.