Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез беше меѓу најгласните навивачи на португалската репрезентација на мечот со Мароко во Москва, ризикувајќи бес од своите шпански сонародници.
Родригез е со Роналдо од крајот на 2016 година и во ноември 2017 година се породи со својата прва ќерка Алана Мартина.
Таа постојано ги следи натпреварите на Роналдо, појавувајќи се и на финалето на Лигата шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул во Киев, каде што Реал стигна до трета титула во низа.
А, и покрај тоа што таа е Шпанка, очигледно не и пречи да навива за директните ривали на „роха“ во групата Б, Португалија.
Таа претходно ги отфрли шпекулациите на шпанските таблоиди дека е бремена со второ дете со Роналдо, велејќи само дека тие двајца се „среќни и вака“.
Фото: ЕПА