Top Sport

Георгина му порача на Роналдо: Доста беа деца

Девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез во интервју за шпанскиот магазин „Екс-Ел Семанал“ јасно му порача на ѕвездата на Реал дека веќе не сака да има деца.

Португалската мега-ѕвезда претходно најави дека сака да има седум деца – ист број како наградите „Златна топка“ кои планира да ги освои во кариерата.

23-годишната Родригез минатиот ноември се породи со првото дете на Роналдо, Алана Мартинез. Но, ова не единствено дете на Роналдо, кој има и три деца од сурогат-мајки – седумгодишниот Кристијано Јуниор и едногодишните близнаци Ева Марија и Матео.

„Каде се гледам за 10 години? Се гледам со моите четири деца, само постара. Не можам да замислам уште деца“, изјави Родригез.

Останува да се види дали Кристијано ќе остане на својот план.

Scroll to Top