Top Sport

ММА брзина: Имадаев за 12 секунди, Хизриев за 58 секунди (видео)

Русинот Зелин Имадаев остана непоразен во осмиот ММА меч, откако во необична пресметка за само 12 секунди го совлада Хрватот Иван Глухак на „Фајт Најт Глобал 85“ во Москва.

23-годишниот Имадаев стигна до осмата победа во осум меча, откако прво Хрватот тргна во напад, но налета на силен удар кој веднаш го прати на подот. Судијата веднаш го прекина мечот.

Интересен, брз и брутален меч имаше уште еден руски борач, непоразениот Алиасхаб Хизриев, кој го нокаутираше за само 58 секунди поранешниот УФЦ и ВСОФ фаворит, Бразилецот Русимар Паљарес.

Хизриев, кој стана ФНГ шампион во велтер категорија со победата, почна фуриозно, додека Паљарес се обиде да го „грабне“ противникот со своите нозе. Но, финишот на Русинот беше брутален.

Scroll to Top