Георгина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо признава дека се „тресела“ од нервоза кога првпат се сретнала со фудбалската суперѕвезда додека работела како асистент за продажба во „Гучи“ во Мадрид, и додава дека тој ја освоил со својата „височина, тело и убавина“.
Шпанската манекенка и Роналдо се во врска од 2016 година, и имаат заедничка ќерка (Алана Мартина), додека таа исто така ги расне и неговите други деца (од сурогат-мајки). Во интервју за италијанскиот магазин „Грација“, Родригез открива што се случувало.
„Тоа што ми го презеде вниманието беше неговата височина, неговото тело и неговата убавина. Се тресев пред него, но имаше некоја искра. Јас сум во основа многу срамежлива личност и можеби тоа ме вознемири со тој длабок поглед. Подоцна, начинот на кој се однесува кон мене и начинот на кој ме сака го направи преостанатото“, вели Георгина.
Таа сè почесто се наоѓа на стадионот во Торино да го гледа својот партнер и признава дека и е интересно само кога игра ЦР7.
„Тој е единствена личност која може да ме возбуди во тек на фудбалски меч. Имам среќа што сум партнерка на најдобриот фудбалер во историјата. Кога е на теренот, поминувам низ безброј емоции. Нема друг како него“, објаснува Родригез.
Зборувајќи за секојдневието со Роналдо таа објаснува што ги мотивира двајцата.
„Нашиот живот е основан на посветеност и тотален фокус во тоа што го правиме. Со здрави и организирани животи достигнуваме чувство на среќа и добрина. Сакам моите деца да бидат дел од тој посебен живот, сакаме да им дадеме најдобро образование, но нема да живеат под стакло. Мораат да бидат скромни и да не го загубат чувството со реалноста“, завршува Родригез.