Top Sport

Герет Бејл не знае кој е британски премиер и следи само голф

Герет Бејл вели дека нема поим кој е британски премиер бидејќи не чита „глупости“ и го следи само својот омилен спорт, голф, открива Велшанецот во интервју за британскиот весник „Телеграф“.

И покрај своето огромно богатство заработено како фудбалер на Реал Мадрид, тој вели дека не излегува во град, никогаш не пие алкохол и наместо тоа планира што ќе прави кога ќе оди во пензија, односно кој следен бизнис ќе го „фати“.

„Брегзит? Околу финансиските работи, ако Брегзит влијае на мене за парите и инвестициите ќе ме интересира, но не ги читам другите глупости. Искрено, не знам 99 отсто од Брегзит. Веќе не знам ниту кој ни е премиер. Борис Џонсон? Не го знаев тоа, мислев дека е градоначалник. Следам само голф, другите глупости не ме интересираат. Ќе ви кажам кој е најдобар голфер“, вели Бејл.

И покрај шпекулациите дека сака да си замине од Мадрид, тој вели дека неговото семејство е среќно во Шпанија.

„Кога имаш 18 години, фудбалот е нешто за што си сонувал, но кога ќе помине времето, тоа чувство го снемува. Уште уживам, но колку е повисоко нивото на игра, задоволството е помало. Не сакам да се промовирам, и кога ќе завршам сакам да имам релаксиран и тивок живот“, објаснува Бејл.

Scroll to Top