Top Sport

Кој вели Герет Бејл не знае шпански!

Само еден ден откако неговиот велшки сонародник и поранешен тренер на Реал Мадрид, Џон Тошак го критикуваше Герет Бејл за тоа што не научил да зборува шпански, напаѓачот ги изненади сите.

Во честитка до неговиот колега од Реал Мадрид, Лукас Васкез, за неговото прво дете, Герет Бејл прати порака на шпански јазик.

Дури и неговиот соиграч, Германецот Тони Крос беше изненаден. „Шпански?“, напиша Крос. Бејл ја прифати играта и во следниот одговор му напиша: „Гугл транслејт е прекрасна алатка“ со микс на англиски и германски јазик.

Тошак: Тажно е што Герет Бејл уште не зборува шпански

Scroll to Top