Легендарниот англиски напаѓач, Гери Линекер, потврди дека ќе повика бегалец да живее во неговиот дом како реакција на „тажните“ фотографии на луѓето кои умираат во обид да влезат во Велика Британија.
Линекер, поранешниот фудбалер на Евертон и Барселона, кој работи како ТВ-коментатор на „Би-би-си“ и „БТ спорт“ инсистира дека без проблем ќе прими млад бегалец во својот дом од 5.2 милиони долари во Сари.
„Имав повеќе контакти со бегалците во последните неколку години. Повеќето од работите за кои сметаме дека се британски честопати се дојдени од странство. Дури и нашиот светец заштитник Св. Ѓорѓи е од Турција. Должиме многу на бегалците, кои дале многу за оваа земја и ќе продолжат да даваат. Преку фудбалот сретнав многу млади бегалци и сакам да помогнам. Моите деца се пораснати и имам доволно место, така што ако можам да помогнам, зошто да не? Навикнат сум да имам млади момци во мојот дом, бидејќи имам четири деца во своите 20-ти и сигурен сум дека бегалците ќе се однесуваат подобро“, објаснува Линекер во „Мирор“.
Providing a new start to those who‘ve fled their homes represents the best of Britain's values. As we know refugees have always helped to keep our communities safe and make our society stronger. They even brought us fish & chips. Im standing with @RESCUE_UK to #StandWithRefugees pic.twitter.com/9zN9EeEmTQ
— Gary Lineker (@GaryLineker) September 3, 2020