Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил открива дека мислел дека Оле Гунар Солскјер е навивач кој освоил некоја награда кога пристигнал во тимот.

Норвежанецот, кој е запишан во историјата на „ѓаволите“ постигнувајќи го победничкиот гол против Баерн Минхен во финалето на ЛШ во 1999, пристигна на „Олд Трафорд“ во 1996 година и Невил призна дека мислел дека се работи за „некое деветгодишно дете“. Солскјер остана 11 години како фудбалер со 366 настапи и 126 гола, пред во 2018 да стане тренер на тимот.

„Уште се сеќавам кога Оле првпат пристигна во соблекувалната. Влезе со џемперче од 1970-тите, волнено, и си помислив што е ова? Мислев дека е некој навивач од Норвешка кој победил на некое натпреварување и дојде да не посети. Беше толку слаб, изгледаше како да нема повеќе од девет години. Но, по една недела на тренинг, сфатив дека е поинтелигентен отколку што излгеда. Тоа беше најголемо изненадување“, вели Невил.