Top Sport

Флик е постојан тренер на Баерн, доби договор до 2023 година

Иако самиот изјавуваше дека неговиот договор не е многу важен, Ханси Флик беше именуван за постојан тренер на Баерн Минхен, продолжувајќи му го договорот до 2023 година.

Флик го презеде клубот од Нико Ковач во ноември, но со договор како привремен тренер до крајот на сезоната, за сега 55-годишниот германски стручњак да добие тригодишен договор по враќањето во форма на тимот пред паузата поради корона вирусот.

„Клубот е презадоволен од работата на Ханси и под негово лидерство се развиваше и играше одличен фудбал“, вели претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Флик имаше 18 победи во 21 меч за Баерн кревајќи го на првото место на табелата со четири поени предност пред Борусија Дортмунд, додека во Лигата на шампионите стигна до 3:0 победа на гости кај Челси во првиот меч од осминафиналето, пред и тоа натпреварување да биде сопрено.

„Едвај чекам да ги завршам потребните задачи заедно со мојот тим и со фудбалерите. Разговорите со Карл-Хајнц Румениге, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ беа продуктивни и се покажа заедничката доверба. Сигурен сум дека можеме да оствариме многу заедно“, вели Флик.

Scroll to Top