Top Sport

Гери Невил контра Роналдо: Разочаран сум од неговото однесување

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил побара од својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо да ја преземе контролата на неговата иднина, признавајќи дека е разочаран од неговото однесување летово по неизвесноста околу останувањето во Јунајтед.

Португалската суперѕвезда побара да замине од „Олд Трафорд“ за да игра во клуб кој е пласиран во Лигата на шампионите, но засега тоа не се оствари откако немаше конкретни понуди, а Јунајтед инсистираа дека тој не е на продажба. Невил не е задоволен.

„Малку сум разочарн од него, бидејќи дозволува неговиот менаџер да излегува со такви изјави. Во недела по мечот ќе го прашам зошто не дојде да зборува со нас. Мислам дека сите знаеме дека ако клуб кој игра во Лигата на шампионите дојде по него, тој ќе си замине. Но, засега тоа не се случило и затоа ја создаде оваа мешаница, за него и за клубот. Сакам да остане, но никој не сака вакви работи и ниту еден навивач на клубот не сака ова да се развлече уште три недели“, вели Невил.

Scroll to Top