Top Sport

Германците му дадоа време на Лев, но признаваат дека ќе има „ревизија“

Германската фудбалска федерација (ДФБ) откри дека има план да се разгледаат околностите при 6:0 поразот од Шпанија во Лигата на нации, по кој се зголеми притисокот на долгогодишниот селектор Јоаким Лев, кој сепак, со зборовите на федерацијата ќе добие „време и емоционална дистанца“.

Сепак, поранешниот германски репрезентативец, Оливер Бирхоф ќе ја предводи „ревизијата“ на 6:0 поразот од Шпанија, што беше најтежок пораз од 1931 година. Поразот од Лев беше опишан како „ужасен“, а статистиката вели дека тие немаа удар на голот, имаа само 30 отсто од поседот, а Тони Крос со 43 додавања беше единствениот германски фудбалер кој имаше повеќе успешни додавања од шпанскиот голман Унаи Симон (41). Иако ова беше прв пораз во 2020, Германија победи само во три од осумте меча во групата А4 – играјќи нерешено еднаш со Шпанија, двапати со Швајцарија и еднаш со Турција.

Иако ДФБ на почетокот му дадоа поддршка на Лев, сега објавија „временска рамка“ за разгледување на ситуацијата во репрезентацијата.

„Претседателскиот борд на ДФБ едногласно одлучи да има временска рамка за собирање информации, разгледување и советување за следните чекори. Со ова селекторот ќе добие доволно време и емоционална дистанца да ја ревидира ситуацијата во репрезентацијата. За спортски причини, да се анализираат причините за тешкиот пораз во Севилја, но и за лични причини да се соочи со големото разочарување. Кога ќе се сретне претседателскиот борд на 4 декември, тимскиот директор Оливер Бирхоф ќе даде излагање а ситуацијата“, се вели во објавата на федерацијата.

Лев е на чело на репрезентацијата на Германија од 2006 година, освојувајќи го третото место на ЕП во 2010, пред во 2014 да ја освои светската титула. Во 2018 година, тие имаа лош настап на СП во Русија, откако не успеаја да ги минат групите.

Scroll to Top