Фудбалската репрезентација на Западна Германија на Светското првенство во 1966 година во Англија се мотивирала со групно гледање на порно филмови, тврди тогашниот голман на „маншафт“, Сеп Маер.
Германците тогаш стигнаа до финалето по победите над Швајцарија, Шпанија, Уругвај и Советскиот сојуз, пред таму да загубат од Англичаните. Маер сега во интервју за „Билд“ открива дека сите 22 фудбалери од тимот се собирале во собата која тој ја делел со дефанзивецот Бернд Пацке за да гледаат порнографски филмови на проектор.
„Не знаевме да ракуваме со проекторот, така што кога се појавија сликите на ѕидот, главите беа долу, а телата горе“, вели 76-годишниот Маер, кој не играше во славното финале кое Германците го загубија со 4:2 по продолженијата.