Фудбалскиот сојуз на германија (ДФБ) нема да ги кази фудбалерите кои за време на натпреварите одиграни минатиот викенд протестираа против расизмот и убиството на Џорџ Флојд.
Афро-американецот Флојд почина минатата недела од полициска бруталност за време на апсење. Поради убиството на Флојд веќе неколку дена во САД владее хаос на улиците во многу градови, а протестите против расизмот ги поддржаа луѓето ширум светот.
Во Германија на теренот јавно протестираа Маркус Турам од Борусија Менхегладбах, Џејдон Санчо и Ашраф Хакими од Борусија Дортмунд, а уште неколкумина други се придружија со давање на изјави и објавување на постови на социјалните мрежи.