Top Sport

Германците победија првпат по Мундијалот (видео)

Германија успеа да ја запише првата победа по неславното испаѓање од натпреварите по групи на СП во Русија, откако во Синисхајм, со 2:1 со гол во 85. минута во пријателски меч го совладаа Перу.

По ремито без голови против Франција во Лигата на нации, Германците очекуваа лесна победа над Перу за враќање на самодовербата на тимот на Јоаким Лев, но наместо тоа им следуваше шок кога во 22. минута, Луис Адвинкула по еден брз контра-напад донесе водство за јужноамериканската селекција.

„Панцерите“ не чекаа многу за израмнување, откако Јулијан Бранд да израмни само три минути подоцна. Меѓутоа, мечот одеше кон ново реми за Германците, пред Нико Шулц да ја уфрли топката во голот во 85. минута за кревање на притисокот кон Лев и репрезентацијата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top