Top Sport

И тоа се случи – Жиру даде гол, Французите ја победија Холандија (видео)

Франција по слабото реми без голови без Германија, стигна до првата победа како актуелен светски шампион, откако на „Стад де Франс“ со 2:1 ја совлада Холандија благодарение на голот на Оливие Жиру, напаѓачот кој не успеа да постигне ниту еден гол на победничкиот Мундијал во Русија.

Ова е прв гол на Жиру по 11 меча во националниот дрес и негов вкупно 32 за „триколорите“, со што го помина Зинедин Зидан (31) на четвротот место на вечната листа. Пред него се само Тјери Анри (51), Мишел Платини (41) и достижниот Давид Трезеге (34).

Франција дојде во водство уште во 13. минута, откако Блез Матуиди по грешката на домашната одбрана одлично го најде Килијан Мбапе, кому не му беше тешко да го совлада Силесен. Доминацијата на Французите не донесе уште еден гол и во 67. минута ова го казни Рајан Бабел со убав гол, пред на сцена да стапи Жиру со убав удар за победа.

Кипар и Словенија во меч од Лига Ц, одиграа 1:1, додека во нашата група во Лига Д, Лихтенштајн со 2:0 го совлада Гибралтар за да ги „закова“ противниците на дното на групата.

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А

Франција – Холандија 2:1

ЛИГА Ц

Кипар – Словенија 1:1

ЛИГА Д

Лихтенштајн – Гибралтар 2:0

Scroll to Top