Еден од најинтригантните дуели од осминафиналето на ЕУРО 2020 секако е пресметката на старите познаници Англија и Германија.
Во минатото двете репрезентации одиграле многу трилер натпревари, кои честопати завршувале во корист на Германците (посебно кога се работи за пенал-сериите), и Гери Линекер ја смисли славната фраза: „Фудбалот е игра на 22 луѓе, во која обично победуваат Германците“.
Германците вчера по драматичното 2:2 реми со Унгарија обезбедија повторно пресметка со „трите лава“ и веднаш почнаа пораките.
„Es kommt nach Hause… Англија во осминафиналето на ‘Вембли’“, напишаа Германците на официјалниот Твитер профил.
Es kommt nach Hause… ???????
It’s @England in the last 16 in Wembley ?️⚽#DieMannschaft #EURO2020 #ENGGER pic.twitter.com/ri8cU9f57m
— Germany (@DFB_Team_EN) June 23, 2021
Преводот на германската фраза е „Си доаѓа дома“, според славната песна на Англичаните од ЕУРО 1996: „Фудбалот си доаѓа дома“. Ова не е првпат Германците да ја „преземат“ песната на Англичаните. Пред 25 години Англичаните и Германците се сретнаа во полуфиналето, кога по 1:1, „маншафт“ победи со 6:5 на пенали, иронично со промашениот пенал на сегашниот англиски селектор, Герет Саутгејт. Тогашниот германски капитен Јирген Клинсман го открива чувството.
„Се повредив и не можев да играм против Англија и затоа можам да зборувам само за атмосферата на теренот. Целиот стадион еруптираше и ја пееше песната. Затоа кога ја освоивме титулата, потоа ја пеевме песната и таа стана популарна и во Германија“, вели Клинсман.