Top Sport

Германците се откажаа од името „Die Mannschaft“

Германската фудбалска репрезентација веќе нема да се нарекува со препознтливото име „Die Mannschaft“ (тим), откако федерацијата оцени дека се работи за препознатливо име надвор од Германија, но дека во татковината тоа не е прифатено.

Името беше воведено официјално една година по освојувањето на четвртата светска титула во 2014 во Бразил и стана дел од брендот на репрезентацијата. Но, испаѓањето во првата рунда во 2018 и елиминацијата во осминафиналето на Европското првенство, не придонесоа името да стане прифатливо за германските навивачи.

Неодамна, директорот на Борусија Дортмун, Ханс Јоаким-Вацке изјави дека името претставува непочитување кон другите репрезентации и дека е „арогантно“, а сега претседателот на Германската фудбалска федерација (ДФБ), Бернд Нојендорф изјави дека анкетите покажале дека името е неприфатливо.

„Според нашата анализа, ова име има висок степен на препознатливост надвор од Германија, каде што претставува тимски дух и успех. Но, меѓу германските фанови ставот е критичен“, изјави Нојендорф.

Scroll to Top