По лошиот старт на кариерата како фудбалер на Манчестер јунајтед за Џејдон Санчо, германските медиуми не издржаа без да се потсмеваат со фудбалерот кој своето име го направи токму во Бундеслигата како фудбалер на Борусија Дортмунд.
Јунајтед две години се обидуваа да го добијат Санчо, пред конечно ова лето да платат 73 милиони фунти за него откако во Германија направи репутација на еден од најкреативните крила во фудбалот со одлично чувство за гол.
Меѓутоа по седум меча во Јунајтед, Санчо нема ниту гол, ниту асистенција, по што на „Скај Германија“ се појави интересна фотографија – Санчо во смокинг и порака: „Викајте ме 007“ според славниот агент Џејмс Бонд. Брутално.
THERES NO WAY ????? pic.twitter.com/iWwJB1ULhw
— Mod (@CFCMod_) October 26, 2021