Top Sport

Жиру за победа на Милан и прво место во Серија А

Милан, неочекувано, продолжи со одличниот старт на сезоната во Серија А, победувајќи ги Торино со 1:0 на „Сан Сиро“ за да остане сам на врвот на табелата, барем до мечот на Наполи со Болоња в петок.

„Росонерите“ дојдоа во водство во 14. минута од мечот, кога по корнер на домаќините, Жиру се најде на вистинското место во шестнаесетникот и ја протна топката во голот на Сипријан Татарушану.

Со победата, деветта во 10 кола во Серија А, Милан има 28 поени, пред Наполи со 25 и Интер со 18 поени, додека Торино се 13. со 11 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top