Top Sport

Германците тврдат: Русите „шмркале“ амонијак на Мундијалот?

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ тврди дека портпаролот на Руската фудбалска федерација потврдил дека руските фудбалери на Мундијалот „шмркале“ памучни топчиња натопени во амонијак.

Ова е последното во низата обвинувања за допингување во Русија, иако доаѓа со неочекувана супстанција – амонијакот воопшто не е на листата на забранети супстанции на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), иако постојат тврдења дека подобрува дел од перформансите со стимулација на дишењето и зголемување на протокот на кислород во крвта.

„Руската федерација се однесува како да се работи за нешто сосема вообичаено – како да се користи шампон под туш“, коментираат во баварскиот весник.

Ова не е првпат германските медиуми да се „навртат“ на Русите на СП. Претходно најтиражниот таблоид „Билд“ тврдеше дека снимките од мечевите не кои се забележува како руските фудбалери ги тријат носовите во четврт-финалето против Хрватска покажува користење на амонијак.

Scroll to Top