Германија води против Португалија 2:1, по првото полувреме, во дербито во Ф-групата на Европското првенство.
Португалците постигнаа гол во моментите на најголемата доминација на Германија. Пеколна контра, во 15.минута, започна и со гол, ја заврши Кристијано Роналдо.
Роналдо го постигна третиот гол на ЕУРО 2020, вкупно негов 107 за Португалија и 19 на европските и светските првенства.
Германците и покрај примениот гол не го сменија пристапот, жестотко пристикаа и успеаја да направат пресврт во интервал од само пет минути. Два пати Португалците го совладаа својот голман Руи Патрисио.
Најпрвин Рубен Дијаш во 35, а потоа и Гереиро со 39.минута постигнаа авто-голов.
Двете акции на Германците одеа по левата страна, преку најдобриот играч на овој меч, Робин Госенс.