Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Ханс-Дитер Флик, повика 23 фудбалери за квалификациските натпревари со Романија и Македонија. Германија, во Скопје, ќе гостува на 11.октомври.
Меѓу играчите кои ги повика Флик, ги нема повредените Робин Госенс (Аталанта), Илкај Гундоган (Манчестер сити) и Матс Хумелс (Борусија Дортмунд).
Голмани: Нијер, Тер Штеген, Лено
Одбрана: Гинтер, Керер, Клостерман, Раур, Ридигер, Суле, Шлотерберг
Среден ред: Адејеми, Гнабри, Горетцка, Кимих, Хаверц, Хофнам, Милер
Напад: Мусијала, Нојхаус, Ројс, Сане, Вернер, Вирц.
Германија пред дуелот со Македонија, ќе ја пречека Романија.
Првиот дуел на Германија и Македонија, одигран во Дуизбург, заврши со победа на македонската репрезентација од 2:1.