Top Sport

Германија, репрезентација со високи амбиции

Амбициите на Германија, домаќинот на ова ЕП  секогаш биле високи.

Нагелсман се одлучи за комбинација на веќе искусни ветерани и нови имиња.

Меѓу голманите, можеби најпознат тандем во првенството е Нојер – Тер Штеген.

Не можете без Баерн. Тимот од Минхен го претставуваат Нојер и уште четворица играчи: Џошуа Кимих во одбраната, Александар Павловиќ, Џамал ​​Мусијала и Лерој Сане во средниот ред и Томаш Милер во нападот.

Од редовите на непобедливиот освојувач на домашната „двојна круна“ Баер Леверкузен, на листата се Жнонатан Та, Роберт Андрих и добитникот на наградата за играч на годината во Бундеслигата, Флоријан Вирц.

Репрезентативците ги предводат освојувачите на Лигата на шампионите, Антонио Ридигер и Тони Крос од Реал.

Тука се и Каи Хаверц од Арсенал, Илкај Гундоган од Барселона и Паскал Грос од Брајтон.

Финалистите во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд ги претставуваат Нико Шлотербек и Никлас Фулкруг.

Штутгарт има дури пет имиња на списокот од 27 играчи, Хофенхајм и Лајпциг по двајца играчи, а од Ајнтрахт беше повикан Робин Кох.

 

Scroll to Top