Top Sport

Германија во пријателски натпревар со пресврт ги победи САД

Репрезентацијата на Германија синоќа во пријателски натпревар ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 3:1.

На натпреварот одигран во Ист Хартфорд, Германците на голот на Кристијан Пулишиќ одговорија со прецизни удари на Илкај Гундоган, Никлас Фулкруг и Џамал ​​Мусиала.

Германија го доби првиот натпревар под водство на новиот селектор Јулијан Нагелсман.

Германскиот тим не учествува во квалификациите за Европското првенство 2024, бидејќи автоматски изборија учество како домаќини.

Во следниот натпревар Германија на 18 октомври игра против Мексико, а истиот ден САД ќе се сретнат со Гана.

Scroll to Top