Германската фудбалерка Џулија Гвин (24) имала великодушна понуда од популарниот еротски магазин „Плејбој“ да се фотографира гола пред почетокот на Светското првенство.
Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд го врати интересот за женскиот фудбал.
Фудбалерките не се толку популарни како нивните машки колеги, но и тие добиваат сѐ поголемо внимание и стануваат сè попопуларни ширум светот.
Позната е и Џулија Гвин, таа е фудбалерка која ги брани боите на Германија и игра за Баерн Минхен, а со оглед на нејзиниот изглед, доби несекојдневна понуда од „Плејбој“ кој и понуди богатство да се најде на насловната страница пред почетокот на Светското првенство.
Фудбалерката на Баерн Минхен немаше дилеми и веднаш ја одби понудата.
„Го почитувам Плејбој како новинарски производ, но претпочитам да се претставувам како играч на теренот. Генерално, мислам и се надевам дека имаме уште многу возбудливи и поважни теми за разговор, особено сега со Светското првенство“, рече таа на новинарско прашање за понудата да се слика гола.
Германката потврди дека се консултирала и со својот селектор и заеднички одлучиле да се заблагодарат на понудата.
View this post on Instagram