Германската фудбалска федерација (ДФБ) призна дека постоеле „грешки“ во ракувањето на случајот со Месут Озил по одлуката на плејмејкерот на Арсенал да се фотографира со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред Светското првенство во 2018.
Озил, заедно со колегата од репрезентацијата, Илкај Гундоган од Манчестер сити, имаат турско потекло и решиле да се фотографираат со Ердоган, предизвикувајќи бура реакции во Германија и префрлање за вината за елиминацијата на Германија во групната фаза на СП во Русија во 2018.
Озил потоа се повлече од репрезентативниот фудбал и ја нападна федерацијата за расизам и недостаток на почитување.
„Го носев германскиот дрес со голема гордост и вобудување, но повеќе не. Секогаш сум давал максимум за моите соиграчи, тренерите и луѓето од Германија. Но, кога луѓе од германската федерација покажуваат непочитување за моите турски корени и ме користат за пропаганда, нема да останам така. Расизмот не смее да биде прифатен во никој случај“,изјави тогаш Озил.
Сега, генералниот секретар на ДФБ, Фридрих Куртис признава дека биле направени грешки и дека Озил бил „истеран“ непотребно.
„ДФБ направи грешки при однесувањето во случајот со Озил. Фотографијата стана лупа за други работи, а имаше и расистички обвинувања. Во исто време ние не се сретнавме со фудбалерот“, вели Куртис.