Бешикташ доживеа вистинска „катаклизма“ на гостувањето на „Алијанц арената“, каде што расположениот Баерн покажа дека турскиот шампион Бешикташ уште треба да го засилув тимот за европски успех, откако доживеја 5:0 „петарда“.
Два гола на Томас Милер, два на полската гол-машина Роберт Левандовски и уште еден на Коман значи дека Баварците уште во првиот меч го решија победникот во овој двомеч, оставајќи малку надеж на Бешикташ дека може да направи „чудо“ на „Водафон парк“ во Истанбул.
Стратегот на Баерн, Јуп Хајнкес ги оправда очекувањата на управата на клубот со безбедно водење на клубот во Бундеслигата и во Лигата на шампиони, така што ќе биде интересно дали ќе успеат да го наговорат да не заминува во пензија на крајот на сезоната.