Top Sport

Мурињо со порака до Арсенал – Санчез дојде да игра ЛШ

Жозе Мурињо вели дека Алексис Санчез решил да дојде во Манчестер јунајтед, откако останал исфрустриран од неможноста Арсенал да се квалификува за Лигата на шампионите минатата сезона.

Чилеанскиот ас го комплетираше трансферот на „Олд Трафорд“ минатиот месец, кога Јунајтед го прати во Лондон, Хенрик Мхитарјан, и тој ќе дебитира за „Ѓаволите“ во европските натпревари против Севилја во осминафиналето во ЛШ.

„Вистина е дека имаме нов играч, Алексис Санчез, и дека можевме да почекаме до летниот преоден рок, но решивме дека ние потребен. Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите е голема работа, и Алексис дојде за да игра на тоа ниво. Знам дека е тешко да се мотивираат играчите во Лигата на Европа, но бидејќи победивме таму се квалификувавме за ЛШ, така што мотивацијата е секогаш тука. Сите сакаат да играат против големите тимови“, вели Мурињо.

Мурињо освои Лига на шампиони како тренер со Порто и Интер, а лани на Јунајтед му го донесе трофејот од Лигата на Европа. Сега, тој е поскромен и вели дека Јунајтед не се меѓу фаворитите.

„Со Порто бевме млад и неискусен тим, со толку многу дебитанти. Во Интер беше поинаку – многу играчи над 30 години со големо искуство, но малку успех. Сега со Манчестер јунајтед сме на средина. Имаме играчи со искуство чии соништа почнуваат откако ќе се помине четврт-финалето. Дури тогаш можеме повеќе, иако не сме фаворити“, додава Мурињо.

Scroll to Top