Top Sport

Германците ја прекинуваат 70-годишната соработка со „Адидас“

Германскиот фудбалски сојуз објави дека од 2027 година американскиот производител на спортска опрема „Најк“ ќе ги снабдува сите селекции на германските репрезентации со облека и опрема.

Со ова ќе заврши 70-годишната соработка меѓу германската репрезентација и компанијата „Адидас„.

„Се радуваме на соработка со „Најк“. Идното партнерство ќе овозможи извршување на клучните задачи поврзани со развојот на фудбалот во Германија. До декември 2026 година ќе се обидеме да постигнеме што поголем успех со нашиот долгогодишен и сегашен партнер „Адидас“ на кој германскиот фудбал му должи многу“, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Германија, Бернд Нојендорф.

Германскиот фудбалски сојуз и „Најк“ се договорија да соработуваат до 2034 година.

Scroll to Top