Top Sport

Ги брои деновите во Мадрид, Реал ќе го продаде Роналдо

Раководството на мадридски Реал го озвестило Кристијано Роналдо дека по завршувањето на сезоната може д го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

Претседателот на клубот Флорентино Перез има намера максимално да заработи од продажбата на 32-годишниот напаѓач, но јасно му е дека ќе мора да направи компромис околу обесштетувањето. Откупната клаузула во договорот на Португалецот изнесува една милијарда евра.

Според шпанските медиуми кон крајот на минатата година Роналдо побарал од клубот ја ја намали калузулата и да го продаде за 100 милиони евра.

Напаѓачот побарал од Перез да одреди Реална цена која заинтересираните клубови би можеле да ја платат. Интерес за Роналдо минатото лето покажуваа ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Медиумите во Шпанија исто така шпекулираат дека Португалецот бил во лоши односи со превиот човек на Реал и дека тој воопшто не сакал да разговара со него.

Напаѓачот е незадоволен што Перез на го одржал ветувањето и не му ја зголемил платата, односно не му ги израмнил приходите со оние кои ги има Меси.

Минатата сезона Кристијано Роналдо го предводеше Реал до титулите во Шпанија, Лигата на шампионите и клупскиот Мундијал. Поради тоа тој ја освои петти пат во кариерата „Златната топка“.

Scroll to Top