Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Хосе Марија Гутиерез познат како Гути, жестоко го критикува тренерот по поразот од Барселона (0:4) и тврди дека на „кралскиот клуб“ му се неопходни промени.
„Јас сум Карло Анчелоти и ја гледам клупата на која се Азар, Бејл, Јовиќ, Иско…И некој ќе ми каже дека ниту еден од нив не треба да влезе во игра? Што се случува? Изгубен сум“, рекол Гути и продолжил.
„Го гледав натпреварот против Барселона, првата измена во нападот беше Маријано. Како е можно тоа? Па зарем тука не е се Бејл и Азар“.
Гути рекол дека не може секогаш истите играчи да се во првата постава.
„Оној што не сака да игра, што не сака да биде дел од Реал треба да го каже тоа. Не е лесно, но треба да каже. Реал не може да игра со 12 или 13 фудбалери. Голем клуб, кој сака титули не смее да си го дозволи тоа. Клубот или Анчелоти треба на фудбалерот да му кажат да излезе пред новинарите и да каже дека не сака да игра. Реал ги плаќа. Како е тоа можно да не сакаат да играат?“
Шпанските медиуми тврдат дека од наредната сезона во реал заедно ќе играат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
„И понатму се мислиме дали треба да го донесеме Халанд? Клубот мора да го донесе Халанд. Клубот мора да го донесе Мбапе и уште четири или пет фудбалери“, заклучил Гути.