Напаѓачот на Барселона Фелипе Кутињо се подготвувал да го напушти „Ноу Камп“. Шпанските медиуми пишуваат дека Бразилецот ги испишал децата од училиште и дека ќе се врател во Ливерпул на две годишна позајмица.
Фелипе Кутињо во Барселона пристигна во јануари 2018 година, но не и оправда парите што Каталонците ги вложија во него. Челниците на Барселона се обидуваат да го растоварат клупскиот буџет и да се ослободат од платата на Кутињо која изнесува 220.000 евра неделно.
Барселона се надеваат дека ќе можат да добијат 90 милиони евра, но многу пореална е опцијата да биде позајмен во Ливерпул со право на откуп.
Кутињо во карирата има одиграно 201 натпревар за Ливерпул на кои постигнал 54 гола.