Велшкиот селектор Рајан Гигс вели дека неговиот сонародник Герет Бејл е „играч за Манчестер јунајтед“ и ќе ја возбуди публиката на „Олд Трафорд“ ако менаџерот Жозе Мурињо се реши да тргне по фудбалерот на Реал Мадрид.
Велшанецот подолго време се поврзува со враќање во Премиер лигата, а овие шпекулации се зголемија по неговите изјави по финалето на Лигата на шампионите, кога постигна два гола за 3:1 победа на Реал над Ливерпул, кога посочи дека сака да игра во тим во кој ќе биде постојан.
„Јас би бил среќен како навивач на Јунајтед ако тоа се случи. Мислам дека тој е тип на играч за Манчестер јунајтед. Фановите ќе го обожаваат, но, како што и самиот тој ќе каже сега е во клуб со кој освои три титули од Лигата на шампионите и зошто би заминал“, вели Гигс, кој цела кариера ја помина во Јунајтед за „Саут Чајна морнинг пост“.