Top Sport

Борко Ристовски се пресели во Бенфика

Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски е претставен како големо засилување за португалскиот клуб Бенфика, каде што ќе ја продолжи својата богата интернационална кариера.

35-годишниот Ристовски пристигнува во Лисабон од Барселона, каде што помина две сезони откако претходно играше и во Рејн-Некар Левен.

„Мислам дека секој човек треба да има амбиции и доаѓам тука со надеж дека ќе му помогнам на клубот да освои повеќе титули. Бенфика е голем клуб и голем ракометен проект. Нивото на португалскиот ракомет е сѐ поголемо. Ги гледав натпреварите на Спортинг и на Бенфика и мислам дека двата клуба се доста израмнети и дека можеме да се бориме за титулата. Да не верував во клубот, немаше да бидам тука“, изјави Ристовски при презентацијата на „Стадио де луж“ во Лисабон.

Scroll to Top