Top Sport

Гигс: Бејл е пресреќен во Реал и не заминува

Новиот селектор на велшката репрезентација, Рајан Гигс вели дека Герет Бејл сигурно останува во Реал Мадрид бидејќи е среќен во „кралскиот клуб“.

Шпекулациите велеа дека Манчестер јунајтед, инаку поранешниот клуб на Гигс, се заинтересирани за Бејл, но интересот како да замре како што се вратија повредите на напаѓачот.

Бејл има само 10 настапи во Ла лига оваа сезона, но најави дека е во добра форма со два гола во 7:1 победата над Депортиво Ла Коруња, по што Мадрид стигнаа до 4:1 победа над Валенсија и Гигс очекува Бејл да се бори за место во тимот на Зинедин Зидан.

„Тој е среќен во Реал Мадрид, сака да остане таму. Знае дека тренерот и клубот го почитуваат и сака да им покаже на фановите што може да направи. Мислам дека и Реал не планира да го продаде. Јасно е дека Јунајтед можеби е добра опција за него, но мислам дека тој трансфер не е можен во моментов“, вели Гигс.

Scroll to Top