Top Sport

Гигс: Четворица му беа миленици на Фергусон

Алекс Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед од 1986 до 2013 година имаше можност да работи со многу ѕвезди на светскиот фудбал, познати се неговите несогласувања со Дејвид Бекам, а Рајна Гигс открива кои играчи никогаш не го почувствувале бесот на легендарниот тренер.

„Ерик Кантона. Имаше натпревари на кои ништо не правеше. Без гол, асистенција, не се трошеше во одбраната, како што тоа го правеа и Карлос Тевез или Вејн Руни. По такви натпревари ние коментиравме во соблекувалната дека ќе го почувствува бесот на Фергусон. Но тоа никогаш не се случуваше. Веќе во наредниот натпревар Кантона ќе постигнеше гол или ќе направеше некоја магија. Останатите тројца беа Брајан Робсон, Рој Кин и Кристијано Роналдо. Големите ѕвезди имаа посебен третман кај Фергусон, знаеше дека ќе му се оддолжат на теренот“, рекол Гигс.

Гигс признава дека неколку пати го почувствуал бесот на Фергусон.

„Бев во немилост неколку пати. Шест или седум пати бев казнуван поради расправиите со него. Во тие моменти не ми беше сеедно, но пред неколку години сер Алкес ми кажа дека сакал кога ќе му возвратев. Тоа му говорело дека ми е ваѓебн тимот, дека не сум рамнодушен“.

Рајан Гогас и Алекс Фергусон соработуваа од 1990 до 2013 година.

Scroll to Top