Top Sport

Гигс со храбро предвидување: Линделоф може да е новиот Видиќ

И покрај тоа што речиси сите беа едногласни во критиките кон шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф за неговиот лош меч со Хадерсфилд, легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс вели дека треба да му се даде време да се покаже, потенцирајќи го Немања Видиќ како пример.

Линделоф направи две сериозни грешки како замена за повредениот Фил Џонс, за Хадерсфилд да стигне до славна победа од 2:1. Гигс вели дека е прерано да се даваат заклучоци за засилувањето кое дојде од Бенфика за 35 милиони евра.

„Виктор доби многу критики, но дефинитивно не треба да биде отпишан. Некои играчи доаѓаат во Премиер лигата и веднаш се на вистинско место, а на некои им се потребни шест месеци или дури година дена да се навикнат на животниот стил. Така беше со Патрис Евра, со Јап Стам и со Немања Видиќ, а видете што направија потоа. Победувате заедно, но и губите заедно, така што не треба да има жртви, посебно бидејќи Виктор не игра постојано“, изјави Гигс.

По мечот, Андер Ерера ја критикуваше „страста“ на играчите на Јунајтед, но Гигс вели дека тоа е погрешен потег.

„Малку сум изенанден од изјавата на Ерера, бидејќи не треба да ги коментираш своите колеги, тоа е работа на менаџерот. Поразот беше разочарувачки, но не смееш да бидеш изенанден во Премиер лигата“, додава Гигс.

Scroll to Top