Top Sport

Левски, сепак, пресилен за гевгеличани

Блокотехна загуби на гостувањето кај Левски во Софија со 99:93 по дополнителни пет минути игра, за гевгеличани да го забележат првиот пораз во регионалната БИБЛ лига. Во регуларниот дел, мечот заврши 84:84 и беше одбележан со доста „искри“.

Левски подобро го започна мечот и првата четвртина ја завршија со два поени предност (25:23), за во втората четвртина, македонскиот тим да игра подобро и со низа од 10-0 да дојде до 37:30,

пред по падот на концентрацијата, Левски да има солидни 46:39 на полувремето.

Во второто полувреме, тимот на Марјан Илиевски се „држеше“ добро и во финишот на мечот ја анулираа предноста на домаќините. По кошот на Мијатовиќ, Блокотехна дури поведе со 82:81, но бугарскиот тим успеа да израмни преку Веселинов, кој погоди само едно од слободните фрлања за израмнување. Во продолжението, Левски ја направи клучната предност и веќе немаше враќање.

Scroll to Top