Top Sport

Гигс ќе го предводи Велс

Легендата на Манчестер јунајтед Рајан Гигс е новиот селектор на Велс, пренесува британскиот сервис Би би си. Според истиот извор Гигс ќе потпише четиргодишен договор.

Рајан Гигс на клупата на Велс ќе го наследи Крис Колман, кој поднесе оставка откако не успеа да се пласира со националниот тим на престојниот мундијал во Русија.

Противкандидати на Гигс му биле Крег Белами, Осијан Робертс и Марк Бовен.

Гигс од 1991 до 2007 година одигра 64 натпревари за Велс, беше и капитен на тимот, но јавноста често го критикуваше бидејќи најчесто избегбуваше да игра на пријателските натпревари.

Легендата на Манчестер јунајтед нема речиси никаво тренерско искуство. Тој кратко време го водеше Манчестер јунајтед, тоа се случи во финишот на сезоната 2013/2014 кога отказ доби Дејвид Мојс.

Тој потоа две години му беше асистент на Луј ван Гал, но замина од „Олд Трафорд“ кога Ван Гал доби отказ по завршувањето на сезоната 2015/2016.

Scroll to Top